СДСМ го извести Пендаровски дека мандатар на новата Влада е Зоран Заев

Од:

СДСМ и Коалицијата „Можеме“ го известила претседателот Стево Пандаровски дека мандатор за составување на новата Влада е лидерот на партијата Зоран Заев.

–  Со оглед на истекот на уставните десет дена после конституирањето на Собранието, од страна на Претседателот на државата до Коалицијата Можеме беше побарано известување за предлог за кандидат за мандатор за состав на Владата на Република Северна Македонија. Од страна на СДСМ и Kоалицијата “Можеме”, согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатор е предложен Зоран Заев, претседател на СДСМ, соопштија од СДСМ.

Мандатот за составување на Владата, претседателот Пендаровски ќе му го врачи на Заев утре во 12 часот во претседателската Вила Водно.

– Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата, соопшти претходно денеска кабинетот на претседателот на државата

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

Заев: Пет години, речиси секој ден, ВМРО-ДПМНЕ не престануваат да се занимаваат со мене, ширејќи континуирани лаги и клевети

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда