Во Сараево уапсени 17 сообраќајни полицајци осомничени дека примале мито

Од:

Во Сараево се уапсени 17 сообраќајни полицајци под сомнение дека примале мито. Тие се осомничени дека во последните неколку месеци извршиле над стотина кривични дела како што се Примање подарок и други облици на корист, како и Злоупотреба на положбата или овластувањата.

Припадниците на управата на полицијата на Сараевската и Зеничко-добојската жупанија, како и полицијата на Република Српска, во утринските часови почнаа акција во станиците на сообраќајната полиција каде имало сомнение за вакви дела. На 17 локации извршен е претрес во обид да се најдат докази за тоа дека сообраќајните полицајци за паричен надомест на прекршителите на сообраќајните правила им ги „средувале“ казните, со што ги ослободиле од одговорност.

Операцијата е почната откако се забележани и пријавени во Обвинителството на Сараевската жупанија неправилности при обработката на прекршочните налози и сообраќајни казни. с

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски