„Кризата нè боли и нас“ – ССМ го одбележува Меѓународниот ден на млади

Од:

Под мотото „Кризата нè боли и нас“, секцијата на млади на Сојуз на синдикатите на Македонија ССМ (СМССМ) заедно со младите вработени, членови на синдикатите од регионот и Европа се приклучува кон одбележување на Меѓународниот ден на млади, 12 август, Активни млади за глобална акција.

-Во нашата земја, според официјалните податоци, од почетокот на кризата, речиси 12.000 луѓе останаа без работа и без егзистенција, а речиси 3.300 од нив се млади луѓе под 29 години (не сметајќи ги лицата кои работат во неформалната економија). Секој четврти човек кој останал без работа е млад човек под 29 години, што дополнително ја отежнува состојбата со младинската невработеност во земјата која е меѓу највисоките во Европа, а изнесува 35 проценти, велат од ССМ.

Тие повикуваат да се слушне и нивниот глас и бараат од сите релевантни чинители во општеството, не само декларативно, туку реално да обезбедат поголема заштита за нивните рабтонички права и да обезбедат сигурни работни места, поголема социјална и економска сигурност и инклузивност во процесот на креирање и имплементирање на младинските политики.

-Ние, како млади луѓе сакаме слобода и право на синдикално организирање, затоа што сме свесни дека колективната борба е борба за подобро утре за сите, порачуваат младите од ССМ.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори