Десетици демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут, извикувајќи пароли против Владата, јавуваат светските медиуми.
Претходно полицијата фрли солзавец на демонстрантите кои се собраа да протестираат против владиниот одговор на катастрофалната експлозија од вторникот во која загинаа 158 лица. Демонстрантите се обиделе да се пробијат низ оградата за да стигнат до зградата на Парламентот, која ја чуваат специјалните полициски сили.
Околу 7.000 луѓе се собраа на Плоштадот во центарот на градот, од кои некои фрлале со камења.