Убиен кандидат за пратеник во Пакистан

Од:

Кандидат за пратеник во пакистанскиот парламент е убиен денеска во Карачи заедно со својот тригодишен син, соопшти пакистанската полиција.

Тоа е прво убиство на пратенички кандидат од почетокот на предизборната кампања во Пакистан која ја одбележаа закани и наапди на талибанците.

Талибанците од 11 април убија 62 луѓе. Садик Заман Катак беше кандидат на Националната партија Авами, водечка секуларна партија на северозапад во Пакистан каде претежно живеат етнички Паштуни.

– Катак се враќал од џамија по молитва заедно со тригодишниот син кога непознат напаѓач на мотор пукал во него и ги убил него и синот, соопшти портпарол на полицијата. Засега никој не презеде одговорност за убиството, но талибанците директно и се закануваа на партијата тврдејќи дека изборите, што треба да се одржат идната недела се неисламски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица