Научниците ја открија „слабата точка“ на коронавирусот

Од:

Американски истражувачи тестирале терапевтско средство кое се користи во третманот на Ковид-19 и откриле дека ензимот со назив 3ЦЛпро (Ц30 ендопептидаза) е основниот ензим во развојот на коронавирусот.

Коронавирусните 3ЦЛ протеази се силни терапевтски мети, затоа што играат витална улога во размножувањето на коронавирусот, откриле научниците, според порталот „Сајенс дејли“. Кога ги користеле пронајдените инхибитори на оваа протеаза кај лабораториски глувци, откриле дека овој препарат го запира размножувањето на вирусот.

Како што велат научниците, таквото влијание врз слабата точка на вирусот овозможува да се блокира репродукцијата не само на новиот коронавирус, туку и на сродниот вирус МЕРС.

Истражувачите истакнуваат дека следен чекор е проверка на ефикасноста на лекот кај луѓето.

Би можело да ве интересира

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска