ВИДЕО: Воз налета на одрон и излета од шини во Србија

Од:

Воз утрово излетал од шините откако налетал на поголем одрон на камења на пругата меѓу Краљево и Рашка во Србија, а според првичните извештаи, едно лице е повредено.

Несреќата се случила на излезот од тунел кај манастирот Стара Павлица, а на снимките се гледаат надлежните од Железници на Србија, кои се обидуваат да го расчистат местото.

Според Железници на Србија, среќна околност е што во моментот на несреќата, во возот имало само еден патник и кондуктер, како и машиновозачот, кој е единствениот повреден и бил префрлен во болницата во Рашка.

Возот излетал од шините околу четири часот наутро, а одронот се наоѓа на излезот од тунел, па машиновозачот немал прегледност и не можел да го избегне судирот со одронетите карпи.

Би можело да ве интересира

Автомобил влета во група луѓе во Штутгарт

А1он

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија