Автомобил влета во група луѓе во Штутгарт

Од:

Неколку лица се тешко повредени откако автомобил удри во група луѓе во југозападниот германски град Штутгарт, соопшти вечерва противпожарната служба.

Возачот е уапсен, изјави портпаролката на полицијата.

И додека противпожарната служба го опиша инцидентот како несреќен случај, полицијата се уште не го соопшти контекстот на судирот.

Инцидентот се случил на трамвајската станица Олгаек во центарот на градот.

На местото на инцидентот се наоѓаат пожарникари, спасувачи и полиција. Во моментов се сослушуваат сведоците, изјави портпаролката.

Возилото кое учествувало во инцидентот е темен луксузен теренец мерцедес Г-класа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мајка на четири деца загина откако со автомобилот влета во базен

А1он

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Жена e избодена, а потоа e запалена во трговски центар во Штутгарт

(ВИДЕО) Три лица загинаа во тешка поморска несреќа кај Сплит, по едно лице сè уште се трага

A1on

(ФОТО) Слета во бездна длабока 150 метри, па сам излезе од смачканиот автомобил

А1он

(ВИДЕО) Се урна гондола во швајцарски скијачки центар – еден патник загина

А1он