Град Скопје: Остануваат уште 3.000 неискористени барања за субвенции за инвертери

Од:

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.249 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.000 барања, информираат од Град Скопје.

Од Градот ги потсетуваат граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување можат да се најдат на: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Во топ 5 приоритети на граѓаните е ЈСП „Скопје“ и неговата нефункционалност

А1он

Град Скопје: Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу

А1он

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Предраг Петровиќ

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Град Скопје: Во сабота и недела ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци