Околу 17 часот, во центарот на францускиот град Ле Авр во Нормандија минувачите беа сведоци на заложничка драма.
На булеварот де Стразбур, вооружен маж упадна во просториите на банката БРЕД каде се наоѓале седум клиенти.
Според информациите што ги пренесуваат француските медиуми, три лица се уште се држат внатре во банката, а останатите тројца биле ослободени од напаѓачот.
At least 6 people held hostage by an armed man at a bank in the French town of #Le_Havre. The hostage taker has made multiple demands centered around the ongoing Israeli-Palestinian conflict.#France #breakingnews pic.twitter.com/wfFzngRxf2
— ? Sarwar ? (@ferozwala) August 6, 2020
Од банката успеал да побегне и 53-годишен маж.
Напаѓачот има неколку барања, а тие, како што пренесе локалното радио Франс, би можеле да бидат од верска природа.
Пред банката мобилизирани се голем број полициски сили, а забележано е присуство на специјалци за брза интервенција.