Новиот шампион во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед во првите три месеци од 2013 година заработи близу 92 милиони фунти што претставува рекорден профит во историјата на англискиот фудбалски великан.
Со оваа заработувачка клубот од „Олд Трафорд“ го намали долгот за 16 проценти или во моментов е задолжен за околу 370 милиони фунти.
Ваквата финансиска состојба налага претпазливост во преодниот рок.
– Следната сезона ќе настапиме без некои поголеми промени во тимот. Тоа се должи на нашата задолженост и на одличните резултати што оваа година ги постигнаа сегашните наши играчи, изјави потпретседателот Ед Вудворд.
Манчетсер Јунајтед со сегашниот состав успеа да стигне до шампионскиот трофеј во Англија, а во Лигата на шампионите во осминафиналето беше елиминиран од Реал Мадрид во неизвесна пресметка. Во Мадрид беше 1:1, а на реваншот во Манчетсер 2:1 за шпанскиот претставник.