Од грчките острови во Белгија пристигнаа 18 деца бегалци без придружба

Од:

Во рамките на програмата за релокација на 1.600 деца бегалци без придружба од Грција во некоја од земјите од Европската Унија, од Атина за Белгија заминаа 18 деца кои досега беа сместени во прифатните центри на грчките острови.

Алтернативниот министер за цивилна заштита на Грција Јоргос Кумуцакос рече дека конкретната програма се спроведува постепено и покрај пандемијата, а заблагодарувајќи ѝ се на белгиската Влада истакна дека приемот на 18-те деца бегалци без придружба е практичен доказ на европската солидарност.

Амбасадорот на Белгија во Грција Фансоа Густин рече дека белгиската Влада на 8 мај се обврза да ги прими децата, а три месеци подоцна тие се веќе во Белгија.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on