ВИДЕО: Инциденти по конференцијата на ГЕРБ во Софија, на новинарка на сила одземен телефонот

Од:

Неколку инциденти биле регистрирани за време и по конференцијата организирана од владеачката ГЕРБ во Софија.

Првиот бил забележан додека бугарскиот премиер Бојко Борисов имаше свое обраќање на делегатите на партијата кога одеднаш се слушнаа извици и непристојни зборови од едно лице кој се обиде да се доближи до премиерот, но веднаш беше приведен.

За време на конференцијата, бугарската новинарка Полина Паунова која известуваше за настанот и беше одземен мобилниот телефон од страна на лица кои имале значки на партиски делегати, пренесуваат од бугарската национална телевизија Нова.

По конференцијата, беше забележан нов инцидент кога учесник на антивладините протести тврдеше дека партиски делегат на ГЕРБ со својот автомобил ја повредил неговата нога и веднаш заминал.

Од бугарското МВР соопштија дека зголеменото присуство на полицијата во главниот град се должи на тензиите меѓу демонстрантите и учесниците на партиската конференција.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

ЛиДеМ со Резолуција за Кочани – мирни протести, слободни од политички влијанија и притисок

Предраг Петровиќ

„Рацете подалеку од нашата демократија“ – масовни протести во САД против Трамп и Маск

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски