А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

АЕК до крајот на годинава ќе почне да бира оператор за 5Г-мрежата во Македонија

by А1он05/08/2020 - 13:01637
Share0

Двата постоечки домашни оператори, поради условите предизвикани од пандемијата на Ковид – 19, се за одложување на постапката на доделување радиофреквенции за 5Г за следната година, додека ЕОЛО, заинтересираниот странски инвеститор, смета дека таа треба да се спроведе во најскоро време, информира Агенцијата за електронски комуникации.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според АЕК, извршена е нализа на забелешките и коментарите што беа доставени до неа во тек на јавната расправа што ја организираше ова регулаторно тело во врска со планираното доделување одобренија за 5Г. Пристигнатите коментари од компаниите: Intracom Telecom, НЕОТЕЛ, Македонски Телеком, А1 Македонија и EOLO S.p.A. се достапни на веб страницата на АЕК заедно со одговорите и ставот на регулаторното тело.

АЕК во документот најавува дека постапката за доделување одобренија за 5Г технологијата ќе почне до крајот на годинава и ќе биде преку аукција, при што ќе се понудат поединечни одобренија за сите опсези. Причината за ова е тоа што операторите се заинтересирани за различни опсези, односно ниту еден оператор не е заинтересиран за сите опсези.

-Постапката за доделување одобренија ќе започне до крајот на 2020 година. Двата постоечки оператори, поради условите предизвикани од Ковид 19, се за одложување на постапката на доделување за следната година. Меѓутоа, ставот на ЕОЛО како заинтересиран странски инвеститор е постапката да се спроведе во најскоро време. Во Националниот оперативен бродбенд план (НОБП) е наведено АЕК да распише тендер до крајот на 2020 година. Со започнување на постапката се зголемува и можноста за зголемување на конкуренцијата и од други заинтересирани страни, а секако и дека трет мрежен оператор е и една од целите на АЕК. Дополнително, прогласената вонредната состојба поради Ковид 19 е укината, наведува АЕК.

Следете a1on на Youtube YouTube

Оттаму наведуваат дека по потребното усогласување на ЗЕК, одобренијата за национално/регионално покривање ќе се доделуваат на 15 години со можност за продолжување уште за пет години.

Во одобренијата, најавуваат, ќе бидат внесени условите за покриеност од Националниот оперативен броадбенд план:
• До крајот на 2023 година најмалку еден град да биде покриен со 5G сигнал;
• До крајот на 2027 година сите градови во државата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал;
• До крајот на 2029 година, секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5G со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.
• До крајот на 2025 година, главните коридори согласно Договорот за основање на транспортна заедница на основната и сеопфатна патна мрежа во државата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал.

АЕК на 5 февруари годинава објави повик за добивање мислење од заинтересираните страни во однос на издавањето одобренија за 5Г со рок на доставување до 6 март, којшто беше пролонгиран до 20 април гдинава на барање на домашните оператори.

Од АЕК претходно за МИА изјавија дека сите пристигнати мислења ќе бидат разгледани од нивните стручни служби и ќе бидат соодветно имплементирани во законската постапка, предвидена со Законот за електронските комуникации (ЗЕК) за доделување на овие радиофреквенции.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на јавна дебата минатиот месец соопшти дека АЕК наесен планира да го објави првиот оглас за изразување на интерес за користење на фреквенции за 5Г согласно Националниот оперативен бродбенд план (НОБП)

5gaekpostapka

Би можело да ве интересира

АЕК објави: Оне Македонија победник на националниот тендер за 5G спектар

Горан Наумовски14/01/2026 - 17:07

„Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 13:50

До 12 јануари 2026 година продолжен рокот за конечна одлука за најповолен понудувач за трет мобилен оператор

Катерина Ѓуровски24/11/2025 - 11:51

Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

А1он22/08/2025 - 08:25

АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање

Предраг Петровиќ19/07/2025 - 08:44

Ракометното реванш финале Алкалоид – АЕК е откажано „од безбедносни причини“ – соопштија од ЕХФ!

А1он25/05/2025 - 21:5225/05/2025 - 21:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео