Грција испраќа спасувачи како помош по експлозијата во Бејрут

Од:

Спасувачки тим од 12 пожарникари, со куче спасувач и две возила со специјална опрема, денеска од воениот аеродром во Атина, со C-130 заминуваат за Бејрут за да им помогнат на либанските власти во спасувачките акции, јавува МИА.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека спасувачкиот тим заминува откако од Либан била побарана помош за акцијата за пронаоѓање и спасување на преживеани, а Грција е подготвена да помогне и со испраќање медицинска опрема.

А токму медицинска опрема и лекови ќе испрати Кипар до Либан, според либанската амбасадорка во Никозија, која за кипарската новинска агенција ЦНА изјави дека помошта ќе биде испратена утре.

Министерството за надворешни работи на Кипар соопшти дека за утре е планиран специјален лет за Бејрут за репатриација на кипарските државјани.

 

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина