Пронајден череп и остатоци од човечки труп во Долно Дупени, убиецот е најден и притворен

Од:

Минатата недела, на 27 и 28 јули во селото Долно Дупени во близина на Ресен, полицијата пронашла череп и остатоци од човечки труп во распаѓање.

Пронајдените остатоци од телото биле подигнати и по наредба на битолското Јавно обвинителство биле предадени на обдукција, каде што се утврдило дека смртта била насилна, со испукување проектил од огнено оружје во задниот дел на главата.

„Извршена е и идентификација на жртвата, и се утврди дека се работи за лицето М.А. (53) од околината на Скопје. Како резултат на преземените истражни дејствија се утврди дека делото е сторено на ден 30.06.2020.година, а како сторител на делото е осомничено лице од Скопје“, известуваат од МВР.

Врз основа на резултатите од истрагата, битолското обвинителство побарало, а судијата на претходна постапка одобрил на осомничениот да му се определи мерка притвор, а против него е поднесена кривична пријава за убиство.

Случајот го водело Одделението за криминалистичка полиција, во соработка со Единицата за крвни и сексуални деликти од Секторот за општ и насилен криминал во БЈБ и Одделението за крвни и сексуални деликти – СВР Скопје во соработка со ОЈО Битола.

Од МВР известуваат дека на случајот се уште се работи, односно се расветлува мотивот за убиството.

Би можело да ве интересира

Полицаец призна убиство на бремена фитнес инструкторка – играле „игри со задушување“

А1он

Екс корзикански националистички лидер убиен на погребот на мајка му

А1он

Татко ја уби ќерката (18) поради „погазена чест“ – избега во Сирија, а синовите му се во холандски затвор

А1он

Со нож ја уби мајка си во Богданци, па сам се пријави во полиција

А1он

Познат прекршител на законот го уби тинејџерот кај Бачка Паланка, уапсен е

А1он

Тинејџер убиен во кафеана во Србија

А1он