Дел од пратениците дојдоа со велосипеди и тротинети на првата седница во Собранието

Од:

Пратениците во Собранието од редовите на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, пристигнаа со велосипеди на денешната конститутивна седница, а на социјалните мрежи објавија и снимка од нивното доаѓање. Тие велат дека патувањето до законодавниот дом со велосипед ќе биде пракса за оваа политичка партија, како симболика за борбата против бенефициите на народните избраници.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, пак, на социјалните мрежи се пожали дека не му било дозволено да го внесе својот електричен тротинет во зградата на Собранието.

„Собранието е подготвено да исплати илјадници евра патни трошоци, а истовремено има забрана за внесување на електрични тротинети во зградата. Собраниската бирократија мора да ја промениме, посебно кога е во интерес на животната средина и штедењето на буџетски средства,“ напиша Муцунски.

Во минатите парламентарни состави исто така можеа да се видат пратеници, но и други јавни функционери како одат на работа со велосипед, но таквите примери беа почесто од промотивна природа и пратениците не се придржуваа до велосипедската рутина. Исклучок е пратеничката од минатиот парламентарен состав, Ирена Стефоска, која на работа во Собранието одеше со велосипед секогаш кога дозволуваа временските услови.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски

Пратеници од „Европски фронт“ поднесоа иницијатива за формирање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Поддршка од пратениците за законски измени со кои ќе се забрани пиротехника во затворен простор

Зајкова: Да ги заштитиме жените и жртвите на семејно насилство, а не да санираме ненадоместливи штети

Пратениците конечно се враќаат на работа