Најмалку четворица загинати при обидот за државен удар во Чад

Од:

Најмалку четири лица загинаа при престрелки во главниот град на Чад, Наџамена за време на неуспешниот обид за државен удар во оваа африкансака земја, соопшти попладнево претставник на чадските Вооружени сили.

– Меѓу четири и осум лица загинаа при судирите во касарна во источниот дел на Нџамена, нагласи воениот претставник.

Според други извори, пак, во неколку различни престрелки за време на обидот за пуч загинале најмалку 12 лица.

Чадскиот министер за комуникации Хасан Балкари претпладнево инфромира дека безбедносните сили на Чад спречиле обид за државен удар против владата на претседателот Идрис Деби.

Обидот за пуч уследи откако вчера беа уапсени неколкумина припадници на армијата. Сиромашната африканска земја има долгогодишна историја на преврати и бунтови.

Самиот Деби на власт дојде со воен преврат во 1990 година. Тој доби четири претседателски мандати и е еден од главните сојузници на Западот во борбата против борците на Ал Каеда во големата територија на Сахел.

Деби испрати околу 2.000 војници во Мали годинава како дел од операцијата на Франција против исламистите во северниот дел на земјата. Претседателот, сепак има голем број непријатели во земјата и во странство. Опозициската Унија на силите на отпорот предупреди во март дека ќе ги обноват борбите доколкуДеби не почне преговори со нив.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

A1on

Го убија претседателот на Чад, само еден ден откако беше избран

Жарко Настоски

Израел и Чад ги обновуваат односите по речиси 50 години

Ана Ололовска

Тилерсон најави хуманитарна помош од 530 милиони долари за африканските држави

Наум Локоски

Претседателски избори во Чад

Емир Латифовиќ

Повеќе од 40 луѓе загинаа во самоубиствен напад во Чад

Ана Ололовска