Штипските епидемиолози зедоа 130 контролни брисеви од текстилните работници и нивните семејства

Од:

Штип и денеска со двоцифрена бројка на заразени. Во здравствениот билтен се регистрирани вкупно 13 нови пациенти, а се оздравени вкупно 11. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека и денеска се на своите работни места, од утринава имале поголема гужва на пунктот.

– Денеска немаме упати од матични лекари, но зедовме 130 контролни брисеви од работници и нивните семејства, кои точно пред 14 дена преку приватен скрининг на сопственици на неколку конфекции беа откриени дека се позитивни на вирусот, вели Димитрова.

Таа додава дека денеска имале и мобилен тим, кој земал контролни брисеви и на лице место од вработени и станари на Домот за стари лица во Радовиш, како и на пациенти во Пробиштип.

Епидемиолошките анкети покажаа дека причина за ширење на вирусот во конфекциите или пoзнатиот штипски текстилен кластер е поради непочитување на мерките. Димитрова посочи дека добар пример во штипскиот реален сектор е компанијата Адиент во ТИР зоната, каде што од почетокот на пандемијата се преземени мерки и строго се почитуваат од страна на работниците и на раководството, а во оваа компанија имаат и Ковид координатор кој ги предупредува работниците да ги носат маските правилно, да држат растојание, како и да не се групираат.

– Само со мерки може да се победи заразата, други решение нема, вели Димитрова.

Здравствените работници се разочарани од непочитувањето на мерките, па на социјалните мрежи излегоа и со свои статуси, во кои пишуваат дека за нив нема одмор, ниту викенд, постојано се на работа, 24 часа прават анкети, советуваат, а единствено што граѓаните можат да го направат, какошто велат е да ги почитуваат трите основни мерки, тоа е носење на маски, држење на растојание од два метра и често миење на рацете.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски