Раководството на англиската Премиер лига објави нови упатства за судиите. Сега делителите на правдата можат да покажат жолти, па дури и црвени картони на играчи кои намерно кашлаат кон против противниците, објави „Sky Sports“.
Вакви драстични мерки се преземени во насока на борбата на земјата против ширењето на епидемијата на коронавирус.
Новата сезона во најквалитетната фудбалска лига на Англија треба да стартува во септември.