Фудбалерот на Ливерпул, Дивок Ориги може да ја продолжи кариерата во Астон Вила, објави „The Sun“.
Според британскиот весник, клубот од Бирмингем сака да ја засили напаѓачката линија со 25-годишниот Белгиец. Самиот играч има намера да добие повеќе време за играње, за да учествува на Европското првенство како дел од репрезентацијата на Белгија.
Во сезоната 2019/20, Ориги одигра 28 натпревари постигна шест гола и една асистенција.