Илинденската коњаница пристигна во Крушево, во пресрет на утрешното прославување на Илинден.
Оваа година, коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ ја предводи Рашела Мизрахи од ВМРО ДПМНЕ.
Крушевчани ја снимиле како пристигнува со коњаниците во градот, меѓутоа таа не јава, туку мирно седи, а човек го води нејзиниот коњ. На оваа глетка дел од присутните коментираа дека Мизрахи најверојатно не знае да јава на коњ, па оттаму и ангажираното лице кое ја води.
„Во чест на Илинден заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргнавме од Зубовце до славното Крушево. Ги пренесуваме спомените за славните Илинденци и за тоа како се сака Македонија. Голема е честа да ја предводам коњаницата!“, напиша Мизрахи пред неколку дена, пред тргнувањето за Крушево.