Протест во Берлин против рестрикциите поради епидемијата на Ковид-19

Од:

Во Берлин денеска се одржува протест против рестриктивните мерки воведени за борба против коронавирусот, под наслов „Крај на пандемијата – Ден на слободата“.

Свирејќи со свирчиња и извикувајќи пароли, насобраните луѓе, од кои само мал број носеа заштитни маски, прошетаа од Бранденбуршката капија пред протестот што ќе се одржи на поширокиот булевар.

Демонстрантите носеа плакати со пароли „Корона, лажна тревога“ и „Принудени сме да носиме муцки“ и „Природна одбрана наместо вакцинација“. Демонстрантите извикуваа дека нема да дозволат одземање на нивната слобода.

Во Германија во изминатите 24 часа регистрирани се 955 новозаболени со Ковид-19, што е најголем дневен пораст од 9 мај.

Пандемијата во Германија главно е ставена под контрола, но властите изминатите недели предупредуваат на голем број нови случаи на зараза

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија