Утре 24-часовно затемнување на информативните портали

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) за утре, трети мај, Меѓународниот ден на слободата на печатот ги повика информативните веб портали да ги затемнат страниците на 24 часа во знак на протест поради намерата со новиот закон за медиуми да се внесе информативен мрак на интернет.

-Со аргументи дека ќе се воведе ред во онлајн медиумската сфера со новиот закон , доаѓа сериозна опасност за политичка контрола, селекција, лиценцирање и цензура на онлајн медиумите, предупредуваат од ССНМ.

-Советот за човекови права при Обединетите нации правото на слободен пристап до интернет го смета за човеково право , а ние се соочуваме со озаконување на цензурата, покрај фактот што во членот 16 од Уставот на РМ изрично се вели: „Цензурата е забранета со закон“.

Синдикатот укажува дека интернет просторот никаде во демократските земји не е регулиран токму поради опасносите од широка цензура во тој простор.

„Интернетот е неограничен ресурс за кој не важат државните граници и апсурдно е нашата држава да се обиде да регулира нешто што е глобална цивилизациска придобивка,” се вели во соопштението.

-Нагласуваме дека насоките во Европската директива за аудиовизуелни медиумски услуги кои се користат како аргумент за предлог законот, се однесуваат пред сè на радиодифузерите, а не на интернет медиумите.

-Детектираните проблеми во онлајн медиумската сфера е можно да се решат со спроведување на веќе постоечките закони (Закон за авторско право, Закон за граѓанска одговорност за клевета и навреда и т.н.), со интервенции во нив или со саморегулација во рамките на медиумската заедница, велат од ССНМ.

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество