Комисијата за заразни болести ја разгледува можноста за отворање на градинките

Од:

Комисијата за заразни болести и претставниците на Министерството за труд и социјална политика одржаа состанок на кој беше нагласено дека МТСП и општините треба да изнајдат решение за просторните капацитети на градинките, информираат од Министерството за здравство.

На состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на МТСП се разговарало за почеток на функционирањето на градинките.

– Заклучокот е дека Комисијата препорачува МТСП и општините да изнајдат решение за просторните капацитети. МТСП да дадат предлог датум за отварање на градинките, согласно можноста за исполнување на условите за спроведување на протоколите кои ги изработи Комисијата за заразни болести, соопштија од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов