Протести против Нетанјаху, полицијата се судри со демонстрантите

Од:

Стотици противници на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа протестираа пред неговата официјална резиденција, повикувајќи го да поднесе оставка, додека мала група негови приврзаници се судрија со полицијата и новинарите во трговскиот центар во близина.

Полицијата соопшти дека се уапсени осум лица.

Додека централниот дел на демонстрациите се одржуваше пред резиденцијата на Нетанјаху во Ерусалим, група млади луѓе, облечени во црно, ги навредуваа претставниците на медиумите и нападнаа палестински возач на автобус и двајца новинари во трговски центар во близина.

Телевизијата Канал 13 објави видео од маж кој се гледа како пцуе и го тепа снимателот на таа телевизија.

Според извештаите, мажите се дел од „Ла Фалилија“, екстремистичка група на поддржувачи на фудбалскиот клуб од Ерусалим, која се поврзува со партијата на Ликуд на Нетанјаху.

Претходно полицијата соопшти дека уапсила неколку лица поврзани со насилство на екстремни десничари.

Израелскиот претседател Рувен Ривлин ја повика полицијата да ги гони извршителите на на насилството „до целосно спроведување на законот“.

Илјадници луѓе се приклучија на протестите во последните недели, обвинувајќи го Нетанјаху за лошо управување со здравствената и економската криза во земјата, која беше предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Демонстрантите тврдат дека премиерот треба да поднесе оставка додека му се суди за корупција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски