Силите за безбедност на Чад спречија обид за државен удар против владата на претседателот Идрис Деби, соопшти министерот за комуникации Хасан Балкари.
Сиромашната африканска земја има долгогодишна историја на преврати и бунтови. Самиот Деби на власт дојде со воен преврат во 1990 година. Тој доби четири претседателски мандати и е еден од главните сојузници на Западот во борбата против борците на Ал Каеда во големата територија на Сахел.
Безбедносните сили на Чад вчера извршија неколку апсења во редовите на армијата, изјавија анонимни воени извори.
Деби испрати околу 2.000 војници во Мали годинава како дел од операцијата на Франција против исламистите во северниот дел на земјата.
Претседателот, сепак има голем број непријатели во земјата и во странство. Унијата на силите на отпорот предупреди во март дека ќе ги обноват борбите доколкуДеби не почне преговори со нив.