(ВИДЕО) Шишиња од пиво пловат покрај кејот во Охридското езеро

Од:

На градската плажа во Охрид покрај шеталиштето, покрај ѓубрето што го остaваат несовесните гости, осамнаа и пивски шишиња кои пловат по водите на езерото.

На кратката снимка се гледаат преку 20 стаклени шишиња на површината на водата кои најверојатно се празни, па не можат да потонат на дното. Видеото го сними жител на Охрид, кој вели дека рано наутро кога излегол да лови риба покрај плажата забелажал група млади кои се забавувале со пијалоци и музика , па претпоставува дека ваквиот несовесен чин е нивно дело.

„Имало кеси со ѓубре покрај плажа, недојадена храна, расфрлани отпушоци од цигари, лименки, се и се што сум видел, но шишиња од пиво вака остваени во вода прв пат гледам. Ако вака се однесува младината, ништо нема да сочуваме. Навистина се не совесни, си го испиле пивото, а шишињата ги оставиле во водата. Не сакам да помислам, дали кршеле, па да има парчиња сталко на дното и некој при капење да се исече и не дај боже да добие некоја инфекција. Срамно е ова што го прават , кај е им е совеста, каде е домшаното воспитување?!“, вели овој револтиран охриѓанец за „А1он“.

Тој додава дека за ова ќе алармира кај градското комунално претпријатие, од кое ќе побара да се извадат стаклените шишиња од езерото.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице