Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Давид Силва, доби понуди од клубови во САД и Обединетите Арапски Емирати, а има опција кариерата да ја продолжи во својата татковина, објави „Скај Спортс“.
Според изворот, за услугите на 34-годишниот Шпанец се заинтересирани неговиот матичен клуб Валенсија, Интер Мајами и неименуван клуб од Дубаи (ОАЕ).
Силва играше за Манчестер сити од 2010 година и ќе го напушти англискиот клуб на крајот на неговиот договор ова лето како слободен агент. Тој има шест голови и 11 асистенции на 38 натпревари за „граѓаните“ во сезоната 2019/20.