БДП на Германија падна за 10,1 проценти во вториот квартал

Од:

Германската економија во вториот квартал од оваа година падна за 10,1 процент на квартално ниво, покажуваат денешните прелиминарни податоци од Бирото за статистика, Дестатис.

Тоа е последица на остриот пад на потрошувачката на домаќинствата, падот на деловните инвестиции и извозот поради вонредните мерки за затворање, воведени за да се спречи ширењето на пандемијата на Ковид-19.

– Ова е најостар пад откако почнаа кварталните пресметки на БДП во Германија во 1970 година, соопшти Дестатис.

Во кварталот април-јуни, БДП на најголемата економија во Европа на годишно ниво падна за 11,7 проценти, покажуваат сезонски адаптираните податоци од Федералното биро за статистика.

Аналитичарите предвидуваат дека германската економија во второто тромесечиe ќе потоне за 9,0 проценти на квартална основа и за 11,3 проценти во однос на истиот период минатата година, на сезонски прилагодена основа.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад