А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Скопјанец осомничен за недозволено поседување оружје и муниција

by А1он30/07/2020 - 11:44235
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, соопштија од ОЈО Скопје.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Осомничениот, во својот дом на улица „Методија Андонов – Ченто“ во Скопје, неовластено држел оружје и муниција: еден пиштол марка „FEG” со калибар 9 мм Para со рамка со 13 куршуми од тој калибар, еден пиштол KEL-TEC CNC INC со калибар 380 Auto со рамка со 5 куршуми, 17 куршуми револверска муниција со калибар 7.5 mmR, 3 куршуми за полуавтоматско и автоматско оружје со калибар 7,62 Х 25 мм, како и 105 куршуми со калибар 9 мм Para. Оружјето и муницијата биле пронајдени и одземени при претрес на домот на осомничениот на 29 јули, информираат од скопското обвинителство.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат на тоа дека осомничениот 22-годишник би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.​

oruzje

Би можело да ве интересира

Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје

Горан Наумовски29/07/2026 - 19:58

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Горан Наумовски27/07/2026 - 22:18

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски16/07/2026 - 10:3416/07/2026 - 10:37

Техеран најави набавка на ново оружје: Иран ќе купува напредна воена опрема од „пријателски земји“

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 15:42

Документи и фотографии откриваат: Израел им продал напредни воени системи на Катар и Саудиска Арабија

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 14:30

Новата бугарска влада повеќе нема да и испорачува оружје на Украина

А1он09/06/2026 - 16:5009/06/2026 - 16:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео