ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја претвори Македонија во земја во која царува криминал и корупција

Од:

„Зоран Заев и СДСМ ја претворија Македонија во земја во која царува криминалот, корупцијата и рекетот. Сите видоа како функционери од власта на Заев ставаат снопчиња пари во своите торби, сите видоа како во Луј Витон куфери се носат изрекетираните пари, за кои има сведоштво дека завршувале кај Зоран и Вице Заеви.

Обвинителството и судството под директна контрола на Заев наместо да го гонат и осудат криминалот, тргуваа со правдата, па така имавме ситуација во која брат на судијка бара рекет од 6 милиони евра. За ова како и за речиси секој криминал во државата знаел Зоран Заев и истиот го заштитувал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дека криминогените активности биле модус вивенди во работењето на власта на Заев потврда е и сведоштвото дека Мила Царовска и Александар Кирацовски, но и многу други партиски функционери посредувале во матните зделки и рекетирањето кое се одвивало, а Радмила Шекеринска во интимни средби директно комуницирала со изведувачите на ваквата операција.

Македонија и граѓаните не заслужуваат власт на Зоран Заев која ја тоне државата во криминал, рекет и корупција“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски