Според анкетата на словачките медиуми, по повод 9-годишнината од членството на Словачка во ЕУ, за најголеми Европјани на сите времиња Словаците ги прогласија Мајка Тереза, Никола Тесла и Леонардо да Винчи.
Меѓу останатите кандидати беа и Аристотел, Чарлс Дарвин, Алберт Ајнштајн и Волфганг Амадеус Моцарт.
Најголем број гласови од Словаците добија Мајка Тереза и Никола Тесла.
Јавните личности од Словачка предложија и други хуманисти, научници и уметници кои би можеле да ја понесат титулата најголем Европјанин.
Елена Георгиевска