Фудбалерите на Тетекс ја постигнаа втората победа во полуфиналната пресметка со Силекс од Кратово и заслужено се пласираа во финалето на Купот на Македонија.
Тетовчани до победата попладневно на средбата во скопската општина Ѓорче Петров стигнаа преку головите на Мики Јовановски во 75.минута и Боби Божиновски од пенал во 90.минута.
Тетекс на првиот дуел во Кратово победи со 1:0 и со вкупни 3:0 ќе се бори за големиот пехар.
Противникот на Тетекс ќе биде познат вечерва по одигрувањето на вториот полуфинален дуел од купот. На арената „Филип Втори“ од 18 часот и 30 минути играат Вардар и Шкендија. Нивната првата средба во Тетово заврши без голови 0:0.
Финалето е предвидено за 22 мај.