Американски сенатори стравуваат дека Кина може да ја искористи апликацијата ТикТок во изборите

Од:

Група американски републиканси сенатори ја повикаа администрацијата на претседателот Доналд Трамп да го испита можниот ризик Кина да ја искористи ТикТок, популарна апликација за споделување видеа, за вмешување во претстојните претседателски избори.

Членовите на американскиот Сенат, Марко Рубио (од Флорида), Том Котон (од Арканас), Тед Круз (Тексас), Кевин Крамер (Северна Дакота) и други нивни колеги, синоќа на раководителите на Федералното биро за истраги (ФБИ), Министерството за национална безбедност и Националното разузнавање им предале писмо во кое се наведуваат случаи на цензура во апликацијата поврзана со наводните обиди на кинеските власти да манипулираат со политичките дискусии преку оваа апликација.

„Длабоко сме загрижени дека кинеската Комунистичка партија може да ја контролира ТикТок за изобличување и манипулација на дискусиите за сеење раскол меѓу Американците, а да се постигне некаква политичка цел“, се наведува во писмото до американските агенции за безбедност.

ТикТок е кинеска апликација и оттаму негираат дека таа може да биде контролирана од властите бидејќи „не е политичка платформа“, и дека „активно се инвестира во заштита на апликацијата“.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ