Апелација го одби барањето на Панчевски за изземање на Велешкиот суд

Од:

Апелацискиот суд Скопје го отфрли барањето на поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, за изземање на Велешкиот суд и префрлување на предметот во Скопје. 

На денешното рочиште беа сослушани четворица сведоци, службеници од Основниот Кривичен суд Скопје.

Една од службеничките сведочеше дека во 2016 година два предмети со звучни имиња од СЈО ги однела кај претседателот на судот Панчевски, а тој ги распределил кај судијките Татјана Михајлова и Лидија Петровска.

На прашање на Панчевски до сведокот дали тој имал влијание врз распределбата на други предмети освен оние два од СЈО, за кои имало одлука, сведокот изјави дека не се сеќава за други предмети освен за оние од СЈО.

На прашање зошто дел од предметите биле делени рачно, сведокот одговори дека тоа било така, за да се избалансираат работите да не се повторува одредени судии да имаат по пет – шест предмети, а кај некои само еден. Или, како што додаде, за да се избегне одредени судии да имаат судења само со еден обвинет, а кај другите да има предмети со повеќе обвинети.

Сведоците од информатичкиот АКМИС –  систем за електронска распределба на предметите, на судењето изјавија дека имало недостатоци на системот, а  кои постепено во годините  потоа  биле отстранувани. Тие посочија дека  за  тие недостатоци на АКМИС системот тие постојано укажувале во Врховниот суд и на Работното тело на Основниот Кривичен суд кое било задолжено да следи АКМИС системот.

Претседателката на Основен суд Велес, Лидија Димова денеска донела решение со коешто го одбила барањето на двајцата адвокати на Владимир Панчевски  за иземање на судијката Валентина Ѓорѓиева  како судечки судија во процесот.

Адвокатите на Панчевски на денешното рочиште побараа тој да излезе од притвор и да продолжи да се брани од слобода.

Како аргумент го посочија документот од Агенцијата за вработување во Скопје, во кој, според нив, пишува дека Владимир Панчевски е во работен однос, па според тоа, тој како судија има имунитет.

Како што потенцира адвокатот Петро Јамура тоа значи дека обвинетиот Владимир Панчевски е се уште судија во Основен Кривичен суд и има право на имунитет и побара укинување на мерката притвор.

Следното судско рочиште е закажано на 4 август, кога исказ пред судот треба да дадат преостанатите двајца сведоци.

Обвинетиот Панчевски, според обвинението поднесено од ОЈО Скопје, се товари дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС-от рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, и кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се изигрувал системот кој требало автоматски да ги распределува предметите.

Би можело да ве интересира

Отфрлен важен случај против Трамп

Одложено судењето за „Шпански скали“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски: Го грабнале за да му наплатат за украдена дрога

A1on

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

Додик го слушна обвинението: Измислица на обвинителството за политички притисок, фактите немаат врска со мене

А1он

Утре почнува судењето на родителите на Коста кој изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“

А1он