Се разболе еден од обвинетите, повторно е одложено рочиштето за случајот Веапоска

Од:

Поради боледување на одбраната на еден од обвинетите лекари во случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар, на која по породување со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег денеска во Основниот суд во Струга повторно беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супер вештачењето на тројца вештаци.

Судскиот процес против тројцата лекари гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, кој трае околу три години, ќе продолжи од септември, а делото застарува на почетокот од идната година. Претходно, судот чекаше 10 месеци за изработка на супер вештачење, по што побара презентација на извештајот од страна на вештаците од судско медицинскиот одбор при Медицинскиот факултет од Скопје. Потоа еден од обвинетите го промени бранителот, кој побарал од судот време да го разгледа случајот, за што беше одложено рочиштето. По истекот на седумдневното боледување на бранителот на обвинетиот, кое, како што информира судечкиот судија Јордан Јованов, трае до 15 јули, почнува судската ферија, и рочиштето ќе биде закажано за од септември, по завршување на годишните одмори на судовите.

Јованов појасни дека по сослушувањето на вештите лица, одбраната треба да се произнесе по што очекува разрешница на случајот.

Истиот адвокат го застапува и градоначалникот Рамис Мерко, што беше причина за одлагање и за денешната расправа против него за незаконско поставување на Албана Жута за в.д. директор и директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ иако не исполнувала услови, односно не била назначена од редот на вработените, немала положен испит за директор и соодветен сертификат за познавање англиски јазик.

Би можело да ве интересира

Груби не чувствува вина за случајот со злоупотребите во „Државна лотарија“

А1он

Артан Груби повторно на обвинителна клупа, закажано ново рочиште во скопскиот Кривичен суд

А1он

Судењето за убиството на Данка Илиќ се сели во Неготин – на обвинетите им се заканува доживотен затвор

А1он

Полицајците обвинети во предмет поврзан со пожарот во „Пулс“ не се чувствуваат виновни

А1он

Почнува судењето за Стојанче Јовановски

ИПАРД случајот стигна до суд: Продолжение на постапката на 30 април

Горан Наумовски