Македонски војници до крајот на годинава ќе бидат распоредени во Косово како дел од КФОР

Од:

Владата на Република Северна Македонија соопшти дека на денешната седница ја разгледала и усвоила Информацијата за учество на државата во мисијата на НАТО во Косово – КФОР.

„Владата го задолжи Министерството за одбрана да преземе потребни мерки и да ги регулира сите прашања со надлежните институции на НАТО и КФОР, за распоредување на единица во јачина на еден вод и штабен персонал (вкупно до 45 лица) во операцијата КФОР на Косово до крајот на 2020 година,“ се вели во соопштението.

Министерството за одбрана, уште пред земјава формално да стане членка на Алијансата, во своите стратегиски одбранбени прегледи планираше да побара од НАТО македонската армија да биде вклучена со една единица во рамките на КФОР.

Мировната мисија под водство на НАТО, КФОР (кратенка од Косово форс), е основана во јуни 1999 година, по војната во Косово и интервенцијата на Алијансата против тогашна СР Југославија.

Би можело да ве интересира

Зеленски од Белград порача дека нема да го признае Косово, стигна одговор од Еди Рама

Путин: НАТО го зголемува своето присуство во Пацификот, се зголемува потенцијалот за конфликт

Приштина реагира на ставот на Зеленски за Косово: „Нашата државност мора да се почитува“

Нинисто: Русија нема да го нападне НАТО

Кинески шпионски софтвер се шири низ целиот свет: Ги следи рутерите на НАТО

Горан Наумовски

Американските разузнавачи: Путин би можел да го нападне НАТО