Вршителката на должноста претседател на Боливија, Жанин Ањес, соопшти дека е излечена од коронавирусот и дека се вратила на своите редовни работни активности, јави Тасс.
Ањес на Твитер објави дека била пуштена од болницата и дека е вратена на работа.
Таа на 9 јули на Твитер напиша дека е заразена со коронавирусот, дека нема компликации за време на лекарскиот третман и дека и натаму ги извршува своите должности во самоизолација.
Покрај Ањес, неколку други високи боливиски функционери претходно соопштија дека се заразени со коронавирусот, вклучувајќи ги и министерот за надворешни работи, министерот за економија и претседателот на Сенатот.
Во Боливија, од почетокот на пандемијата, здравствените власти потврдија 69.420 случаи на заразени лица, повеќе од 2.580 умрени , а над 21.160 излечени.