Во Србија нови 411 заразени и девет починати од коронавирус

Од:

Во последните 24 часа во соседна Србија регистрирани се 411 новозаразени со коронавирус, а девет лица починаа.

Во последното деноноќие биле тестирани 9.650 лица, додека од почетокот на пандемијата тестирани се вкупно 631.227. На респиратори се наоѓа 171 пациент, а вкупно околу 4.570 болни се хоспитализирани.

Починатите лица се со просечна возраст од 67,6 години за жени и од 68,6 години за мажи, додаваат српските медиуми. Досега од вирусот во Србија починаа вкупно 543 луѓе.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија