Промени во наплатата на две паркиралишта во Капиштец

Од:

Се воведуваат промени во начинот на организирање и наплата на паркиралиштето „Дилајла“ и подземното паркиралиште во ООУ „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец во Скопје.

Од ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ денеска информираа дека промените се направени на барање на жителите на населбата Капиштец.

Оттаму соопштија дека од денес е пуштен во употреба новиот систем за контрола на влезно-излезните рампи на паркиралиштето „Дилајла“ кое ќе функционира како паркиралиште од затворен тип. Жителите резиденти на ул. Васил Ѓоргов бр.29 и ул. Козара бр.68 ќе имаат бесплатен пристап, додека за останатите граѓани, цената за паркирање на паркиралиштето ќе биде иста како и во сите комерцијални паркиралишта во Зона 1, односно 60 денари за 1 час. Подземното паркиралиште во ООУ „Киро Глигоров“ ќе биде резидентно паркиралиште за жителите на ул. Васил Ѓоргов бр.33 и 33а.

– Заедно со градоначалникот остваривме неколку средби со граѓаните кои живеат во опфатот на овие паркиралишта и заеднички дојдовме до ова решение со цел да го решиме паркирањето во овој дел на општина Центар и да воведеме поголем степен на контрола и ред во паркирањето за да им овозможиме на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните домови, вели директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски.

Одлуката за користење на јавното паркиралиште во ООУ „Киро Глигоров“и новиот Правилник за користење на јавни паркиралишта беа изгласани на 42-та седница на Советот на Општина Центар на 6 февруари годинава.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила