Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бруин стана најдобар асистент во англиската Премиер лига за сезоната 2019/20 година.
Белгиецот има 20 асистенции повторувајќи го рекордот во Англиското фудбалско првенство.
Претходно, во сезоната 2002/03, напаѓачот на Арсенал, Тиери Анри исто така имаше 20 успешни додавања по кои беа затресени противничките мрежи.