ВИДЕО: Се избори со коронавирусот и се врати со „хет-трик“ за 8 минути

Од:

Поранешниот играч од средниот ред на Евертон и Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини постигна „хет-трик“ за победата на неговиот сегашен тим Шандонг Луненг од 3:2 над Далијан Про во првото коло од кинескиот шампионат.

Поранешниот напаѓач на Вест Бромвич, Саломон Рондон го отвори резултатот за домаќините од Далијан во 57-та минута. Но, тогаш дојде sвездениот момент на Фелаини, постигнувајќи „хет-трик“ од голови со глава за само осум минути – 79, 83 и 86-та.

Уште поимпресивен е фактот дека Белгиецот помина неколку недели во болница во март и април затоа што беше заразен со коронавирус.

Неговите голови се покажаа како доволни за успехот на Шандонг, бидејќи тимот на Марек Хамшик постигна само уште еден гол, постигнат од Маркус Даниелсон во продолжението.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска