Нетанјаху: Нема магични решенија за пандемијата

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израелците треба да преземат „лична одговорност“, одговарајќи на растечкиот притисок од бесните граѓани за неговото заминување од функцијата поради двојната, епидемиска и економска криза во земјата, јави ДПА.

-Вториот бран го погоди целиот свет, не само Израел, рече тој на почетокот од редовната неделна средба на владиниот кабинет.

„Ние продолжуваме да дејствуваме со полна сила да го запреме ширењето на пандемијата“, рече тој, но додаде и дека „нема магични решенија“.

-Јавноста треба да го направи својот дел – со носењето маски, миењето раце и одржувањето безбедно растојание едни од други, додаде тој.

Тој зборуваше за оваа тема откако десетици илјади Израелци протестираа синоќа, од зајдисонце до раните утрински часови денеска, против него и неговиот кабинет.

-Израелската полиција во Ерусалим уапси 12 лица и употреби водени топови во растурањето на демонстрантите против владината политика за коронавирусот, изјави портпаролот Мики Розенфелд, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран