Ливерпул и менаџерот на тимот, Јирген Клоп, го идентификуваа крилниот играч на Лестер, Харви Барнс, како една од приоритетните цели на тимот за следното лето.
„Црвените“ ќе имаат поограничен буџет заради економските последици од пандемијата на коронавирус, што ќе ги промени нивните претходни планови. Според „Дејли мејл“, приоритет ќе биде да се купи офанзивен играч за напаѓачкото трио, а од стручниот штаб мислат дека Барнс совршено ќе одговара на Ливерпул.
Дваесет и две годишниот Англичанец се етаблираше како стартер во изборот на Брендан Роџерс во тековната кампања. Она што го импресионираше Клоп било незапирливата енергија што ја зрачи на теренот, како и неговиот атлетски капацитет да направи ефективни спринтови во текот на целиот натпревар. Друг клучен аспект на играта на Англичанецот е неговата разноврсност на теренот.
Сепак, договорот се чини тежок, со оглед на фактот дека Лестер ќе очекува многу сериозна трансфер понуда за младиот напаѓач.