Талибанците ја обвинија авганистанската Влада за повторно апсење на ослободените затвореници

Од:

Канцеларијата за врски на талибанците во Доха доцна синоќа ја обвини авганистанската Влада за апсења на претходно ослободените затвореници од нивните редови, јави ДПА.

Авганистанската Влада досега ослободи повеќе од 4.000 талибански затвореници, а милитантите ослободија над 700 затвореници во рамките на американско-талибанскиот договор за размена на затвореници, чија цел беше да се отвори патот за мировни преговори меѓу Авганистанците.

Портпаролот на талибанците, Сухаил Шахин, додава германската агенција, синоќа на Твитер напиша дека авганистанската разузнавачка агенција, Националната управа за разузнавање (НДЦ) спровела изненадувачки операции против ослободените милитанти.

Тој напиша дека администрацијата во Кабул ќе „сноси одговорност за последиците“ доколку притворањата не престанат.

Шахин, исто така, соопшти дека ослободените затвореници се придржувале до упатствата на авганистанската Влада да останат дома и да не се враќаат на боиштата.

Но, портпаролот на авганистанскиот советник за национална безбедност, Хавид Фајсал, денеска изјави дека голем број ослободени затвореници се вратиле на бојното поле.

Фајсал, исто така, ги отфрли тврдењата на Талибанците дека имало операции за повторно апсење на ослободените затвореници, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан