СРД ќе ја казнува и Телма за неизбалансирано известување

Од:

Советот за радиодифузија, донесе одлука да поведе прекршочни постапки против осум електронски медиуми кои известувале  неизбалансирано за време на изборната кампања за локалните избори.

Советот меѓу телевизиите кои информирале неизбалансирано ја вброи и телевизија Телма.  Дел од членовите на Советот сметаат дека  казнувањето на овој медиум е навреда за Советот.

„Не се согласувам за Телма да донесеме одлука за поведување прекршочна пријава, затоа што тоа ќе биде навреда, не за мене, туку за Советот, ако се земе предвид какви сè позитивни епитети доби Телма од ОБСЕ за покривањето на изборите. Беше потенцирано дека е единствената ТВ која се обидува да направи разлика помеѓу изборната кампања и активностите на Владата, кои се во функција на изборната кампања, притоа користејќи критички осврт“, рече членот на Советот, Столе Наумов.

Телевизијата Телма категорично ги отфрли каводите на СРД околу, како што беше нагласено „провидниот обид работите околу медиумското покривање на изборите да се релативизираат со тоа што сите ќе се стават во ист кош.

Посочуваат дека и во текот на изборниот процес  укажувале на недостатоците на мониторингот на Советот, со кој, на пример, не биле  опфатени вестите на Телма од 15.30 часот, а беа опфатени вестите на сите други телевизии што почнуваа половина час подоцна.

„Ние, заблагодарувајќи се на ваквата првомајска и велигденска честитка, продолжуваме по нашиот програмски и уредувачки пат. И нема да потклекнеме пред какви и да е партиски влијанија на луѓето кои доделуваат нови национални концесии „затоа што им требаат пари“, реагираат од ТВ Телма.

Казните за неизбалансирано известување на медиумите во текот на изборната кампања се движат од 1.500 до 3.000 евра.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска е поголема отколку пред пет години