Не се сосема свои: Како жените им робуваат на хормоните

Од:

Овулацијата може да влијае на промена на политичките ставови, а сексуалните хормони на избор на занимањето, додека склоноста кон одреден тип на мажи зависи од антибеби апчињата.

Хормоните многу влијаат на сексуалниот живот на жената, потврди американската судија. Нивото на естроген и прогестерон ја менуваат јачината на женското либидо, па така естрогенот ја зголемува сексуалната желба, додека прогестеронот ја намалува, пишува Хафингтон пост.

Жените кои користат таблети за контрацепција повеќе сакаат нежни мажи

Изборот на партнер зависи и од тоа дали жената зема контрацептивни апчиња или не, покажа британска студија. Научниците го следеле однесувањето на жените кои користат апчиња за контрацепција и оние кои не користат. Оние жени кои не пиеле апчиња повеќе биле привлекувани од мажествени парнери, со нагласена вилица и јаболкници, додека на припадничките на поубавиот пол кои користеле апчиња повеќе им се допаѓале мажи со нежни црти на лицето. Апчињата влијаат на хормоналната рамнотежа кај жената, поради што несвесно привлекуваат понежни мажи кои ќе бидат добри татковци.

Хормоните влијаат на политичките ставови

Освен на привлечноста, хормоните влијаат и на политичките ставови, потврди контроверзна американска студија. Така жените во текот на овулацијата почесто гласаат за либералните претставници на партијата отколку за оние конзервативните затоа што сексуално им се попривлечни.

Изборот на занимање зависи од сексуалните хормони

Хормоните го одредуваат и изборот на занимањето, потврдија американските научници од Универзитетот Пен Стејт. Проучувале сестри од кои едната имала конгенитална адренална хиперплазија (КАН). Станува збор за генетско нарушување, а го предизвикува претераната изложеност на машкиот полов хормон андроген уште во матката.

Жените со КАН покажале поголем интерес за материјалното, додека нејзините сестри повеќе ги интересирало дружењето со луѓето па биле склони кон занимања кои ги задоволуваат нивните потреби, како што е учителка. Вишокот машки хормони се поврзува и со изборот на „машки“ занимања, како што е медицината.

Во текот на овулацијата жените ги привлекуваат мачо мажите

За време на овулацијата Господин Погрешен може да се чини како Господин Вистински, покажа американска студија. Жени врз основа на профил од интернет страницата за состаноци требало да пронајдат мажи кои ги сметаат за добри татковци. Оние кои овулирале, избирале секси и помалку доверливи типови, додека оние кои не овулирале избирале доверливи и стабилни мажи, јави 24 часа.

Еволуциските теоретичари тврдат дека лошите момчиња имаат поголемо ниво на тестостерон што жените ги привлекува во текот на овулацијата, бидејќи единствена цел според природата е зодавање потомство.

Би можело да ве интересира

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

Жена и девојка се истепале во здравствен дом во Ѓорче Петров

Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата

A1on

Во Шпанија од почетокот на годината убиени шест жени

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски