За новите родители понекогаш е потребно време за да ги разберат своите бебиња и да остварат цврста врска со нив.
Некои родители, особено мајките, врската со бебињата ја воспоставуваат веднаш по раѓањето (пад дури и порано), преку допири и доење, додека на некои им е потребно малку повеќе време за да почнат да го разбираат тоа ново мало суштество.
Следуваат начините на кои можете да комуницирате со своето новородено бебе:
Допир
Тоа е првиот контакт, кој бебето го разбира и прифаќа. Допирот на вашата кожа со бебешката дејствува смирувачки и за бебето и за вас, поттикнува здрав раст и развој на новороденчето.
Контакт со очи
Дава смислена комуникација на мала оддалеченост. Бебињата можат да ги следат движењата на предметите, а и вие можете да уживате во тие убави моменти.
Изрази на лицето
Забавувајте се со своето бебе, правејќи различни изрази на лицето и набљудувајте го како ве имитира. Бебињата мошне рано почнуваат да ги имитираат изразите и движењата на родителите.
Раскажувајте му на бебето
Бебињата го сакаат човечкиот глас, а особено гласовите на своите родители. Зборувајте му што е можно повеќе. Можете да пеете, рецитирате или да му читате приказни, бебето подеднакво ќе ужива.