Туристичкиот вселенски брод на Вирџин Галактик (Virgin Galactic) го изведе својот прв пробен лет, пишува „Дејли мејл“
Иако Спејс Шип Ту (Space Ship Two) не дојде до работ на Вселената, тој го постави камен темелникот за компанијата Вирџин Галактик.
За време на раниот пробен лет, леталото го ослободи Спејс Шип Ту, кој ги запали моторите на 16 секунди и безбедно слета. До сега имаше пробни летови исклучиво без палење на моторите. Ова лето планирани се повеќе вакви проби, додека доаѓањето до работ на Вселената е закажано за крајот на годината.
– Let Virgin Spaceship Enterprise на моторен погон е без сомнение нашиот најважен пробен лет досега, изјави основачот на Вирџин Галактик, сер Ричард Бренсон, кој од Земјата во пустината Мохава го набљудуваше летот.
Спејс Шип Ту е првата комерцијална верзија на Спејс Шип Ван, кој во 2004 година стана првата приватна ракета наменета за пристигнување до работ на Вселената.
За историскиот лет 500 туристи платиле по 200 илјади долари или оставиле депозити. Датумот за летот се уште не е прецизиран, но официјални претставници на компанијата велат дека ќе биде познат, дури откако ќе бидат завршени тестирањата и ќе биде дадена дозвола од владата.